Согласно со член 15 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата („Службен весник на РМ бр. 66/04, 89/08 и 152/15 и „Службен весник на РСМ“ бр. 103/21), Одборот за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов објавува дека ќе се изврши јавно изложување на идејните проекти по Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов и истите ќе бидат изложени во Општина Аеродром на трети кат во периодот од 23.05.2023 година до 30.05.2023 година, во текот на работното време на Општината од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот.
По објавениот Јавен конкурс, Одборот го избра идејниот проект за подигање на спомен-обележјето на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов со арх. бр. 25-3438/1 од 05.05.2023 година со шифра „Пластелин“, изработен од лицето Миле Брцески, што ќе се реализира во понатамошниот период.
Општина Аеродром Скопје
Одбор за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.