Новите поставени содржини подразбираат подобри услови за спортистите и рекреативците, а тоа го постигнуваме преку изведба на мултифункционален спортски терен со нова тартан подлога, нови голови и кошеви, ограда, трибини и уредување на околниот простор.
Инвестициите во спортот и инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо. Реконструираме и градиме спортски терени во секое населено место и училиште, со што ја докажуваме нашата заложба и посветеност за развој на спортот, како и поддршката во градењето на нови спортски таленти.
15.5.2023
Општина Аеродром