В СРЕДА 28. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 На 10.5.2023 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на Општината.На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-заклучок  за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за  првиот квартал од 2023 година

2.    Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за избор на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои организираат спортски манифестации кои ќе бидат поддржани од средствата на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година во делот на организација на спортски манифестации

3.    Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за избор на здруженија и фондации кои ќе бидат поддржани од средствата на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година во делот на образованието, културата и заштитата

4.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за остварување на социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2023 година

5.    Предлог-одлука за давање на спонзорство на Национална установа Театар Комедија - Скопје за реализација на Меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“

6.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за 2024 година

7.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“ за 2024 година

8.    Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за донација (Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи)

9.    Предлог-одлука за исплата на  еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита

10. Предлог-заклучок за усвојување на тримесечен извештај (јануари, февруари и март 2023 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром

11. Предлог-заклучок за усвојување на Годишен извештај за работата на Одделението за инспекциски работи за 2022 година

12. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4044 КО Кисела Вода 2)

13. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 14/1 и КП 14/2 КО Кисела Вода 2)

14. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за давање согласност за склучување Договор за донација

15. Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижна ствар на Националното здружение за социјална инклузија, рехабилитација и општествена интеграција на лицата со посебни потреби СОЅВЕЗДИЕ

16. Предлог-одлука за давање согласност за учество на проект „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“

17. Предлог-одлука за усвојување на Иницијатива за изготвување на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) на Општина Аеродром

18. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Центар за времено користење на градежно земјиште

19. Предлог-заклучок за усвојување иницијатива за давање согласност за ослободување или процентуално намалување на давачки и надоместоци кон Општина Аеродром за бранителите на Република Македонија

20. Советнички прашања

3.5.2023

Општина Аеродром