В ПОНЕДЕЛНИК 24. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 
На 8.2.2023 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи дваесет и четвртата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
 
1. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа за 2022 година на ПСОН Аеродром 
2. Предлог-програма за измена на Програмата за остварување социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2023 година
3. Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2023 година
4. Предлог-заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Љубен Лапе“, за учебната 2022/2023 година
5. Предлог-одлука за измена на Одлука за  уредување на постапката  за планирање, реконструкција и изградба на пристапни патишта низ земјоделско земјиште
6. Предлог-правилник за начинот, условите и постапката за доделување на годишни признанија и награди на Општина Аеродром 
7. Предлог-одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис во Општина Аеродром со состојба на 31.12.2022 година
8. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2022 година
9. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2023 година
10. Предлог- буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на Општината за 2023 година
11. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основните училиштa  на територијата на Општина Аеродром
12. Предлог-одлука за определување на паричен надоместок на Претседателот и членовите на надзорниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром 
13. Предлог-одлука  за определување на паричен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром 
14. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на детските градинки  на територијата на Општина Аеродром
15. Советнички прашања
 
2.2.2023
Општина Аеродром