На 2.12.2022 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи деветнаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
2. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (интерактивни табли и друга ИКТ опрема)
3. Предлог-одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Центар за вршење работи од областа на градежната инспекција
4. Предлог-одлука за измена на Одлука за формирање Општински совет за социјална заштита на Општина Аеродром
5. Предлог-решение за престанок на мандат на претставник во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
6. Предлог-одлука за именување претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
7. Предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита
8. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година
9. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта на територијата на Општина Аеродром
10. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година
28.11.2022
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.