В ПОНЕДЕЛНИК 18. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 14.11.2022 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за третиот квартал за 2022 година
2. Предлог-план за програми за развој на ОА за период 2023-2025 година
3. Предлог-одлука за финансиска поддршка – донација на Црвен крст на РСМ
4. Предлог-одлука за измена на Одлуката за формирање на Општински совет за социјална заштита на Општина Аеродром бр.09-581/16 од 26.11.2019
5. Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за социјална и детска заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2022 година
6. Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2022 година
7. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (таблети)
8. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година
9. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (ФА) Уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година
10. Предлог-одлука за измена и дополна на Одлуката за формирање на Локален Совет за превенција на Општина Аеродром
11. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈДГОА „Срничка“ за 2023 година
12. Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Блаже Конески“ - Општина Аеродром,
13. Предлог-заклучок за усвојување на Годишна програма за екскурзии на ООУ „Блаже Конески“ 2022/2023 година
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишна програма за екскурзии на ООУ „Димитар Македонски“ 2022/2023 година
15. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ06 блок 06.02, Општина Аеродром
16. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ06 блок 06.06 и блок 06.07, Општина Аеродром
17. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ04 блок 04.03, Општина Аеродром
18. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт И10 блок 10.03, Општина Аеродром
19. Предлог-стратегија за Локален економски развој на Општина Аеродром 2022-2026 година
20. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4036 КО Кисела Вода 2)
21. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1505 КО Кисела Вода 2)
22. Предлог-одлука за утврдување на активности за заштита на животната средина, природа и амбиентниот воздух на подрачје на општина Аеродром
23. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година
24. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основнo училиштe на територијата на Општина Аеродром
25. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2022 година
26. Советнички прашања
7.11.2022
Општина Аеродром