В ПОНЕДЕЛНИК 16. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 26.9.2022 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи шеснаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за именување член во Управен Одбор во ЈУДГОА „Срничка“- преставник на Министерството за труд и социјална политика

 

2.    Предлог-одлука за именување член во Управен одбор на ЈУДГ „Буба Мара“ претставници од Советот на родители

3.    Предлог-одлука за именување член во Управен одбор на ЈУДГ „Буба Мара“ претставник на Министерството за труд и социјална политика

4.    Предлог-одлука за именување член во Управен одбор на ЈДГОА „Срничка“ претставници од Советот на родители

5.    Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за екскурзии на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2022/2023 година

 

6.    Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за екскурзии на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за учебната 2022/2023 година

7.    Предлог–одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училиштa и детските градинки на територијата на Општина Аеродром

8.    Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Лазо Ангеловски“

9.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2022 година

10. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на Годишен План за вработување на Општина Аеродром за 2022

11. Предлог–одлука за давање согласност на Годишен План за вработување на Општина Аеродром за 2023 година

12. Предлог–заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за техничка исправка на ГП.2.3 од Измена и дополна на ДУП за градска четврт И11 блок 11.02, Општина Аеродром, донесен со одлука на Совет бр.09-294/3 од 29.07.2021 година

13. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

14. Предлог-стратегија за локален економски развој на Општина Аеродром 2022-2026

15. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари на ООУ „Димитар Македонски“

16. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Чрчев заради полесно надминување на последиците од претрпена  штета  предизвикана од пожар

17. Предлог-одлука за одобрение за користење на името Аеродром од страна на Здружение ракометен клуб Голден арт-КЛ 7 Скопје

18. Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари

19. Предлог-одлука за подигање спомен обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов

20. Советнички прашања     

 

21.9.2022

Општина Аеродром