Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром што работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија.
Се работи за мерки со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе за полесно надминување на енергетската криза во Македонија и сериозниот удар што таа го нанесе врз општинскиот буџет, и тоа:
- Осветлувањето во парковите на територија на Општина Аеродром ќе биде редуцирано, односно светилките ќе работат преку една, а целосно ќе се гасат во 1:00 часот по полноќ;
Истовремено ги информираме граѓаните дека и во услови на енергетска криза не престануваме со работа, туку интензивно ќе работиме на подобрување на условите за живот и работа за секој еден граѓанин и ќе ги реализираме ветените проекти.