Градоначалникот Тимчо Муцунски изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“. Работите во моментот се одвиваат на надворешниот дел, а со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.
„Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинките, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе започне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени“, истакна градоначалникот Муцунски при увидот на градежните активности.
Во насока на кратењето на дополнителните трошоци кои ги имаат граѓаните, од 1 март годинава, родителите беа ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, додека пак од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.
Како една од најмладите општини во Македонија, Аеродром ја потврдува заложбата за континуирани инвестиции во воспитно-образовниот процес и најмладите. Продолжуваме да вложуваме во образованието и правиме сè за нашите најмлади.
19.08.2022
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.