Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет, за што неодамна Општина Аеродром о
Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет, за што неодамна Општина Аеродром објави јавен повик.
Од објавувањето на повикот, па сè до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои 497 ги поднесле сите потребни документи, па според тоа и ќе добијат надоместок. Ова е прва година во која Општина Аеродром, покрај за велосипеди, доделува субвенции и за електрични тротинети. Со овие мерки и со наши инвестиции во подобрувањето на инфраструктурата за користење алтернативни средства за превоз, заеднички со граѓаните придонесуваме за зачувување на животната средина.
5.8.2022
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.