Општина Аеродром ги информира граѓаните дека поради огромниот интерес и исцрпувањето на средствата, заврши Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди и електрични тротинети што беше објавен на 4 јули.
Уште од првиот ден за субвенции се пријавија голем број граѓани, а Комисијата во наредните денови ќе ги разгледа сите поднесени барања и наскоро ќе ги извести сите кои ќе добијат надоместок на средствата.
Инаку, субвенциите од оваа година се проширени и за првпат се однесуваат и на електрични тротинети. Апелираме на што почесто користење на алтернативните средства за превоз и давање индивидуален придонес во заштитата на животната средина.
12.07.2022
Општина Аеродром
23-05-23
Одборот за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов објавува дека ќе се изврши јавно изложување на идејните проекти по Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов.