ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали и друг административно деловен простор во ООУ „Браќа Миладиновци“

 

Врз основа на член 3 член 4 и член 7 од Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020) Решение за добивање согласност  на Одлуката за давање на користење на училишен простор бр.25-3600/2 од 27.05.2022  од Општина Аеродром, Комисијата за водење на постапката го донесе следниот :

 

 

 ОГЛАС

за издавање под закуп на фискултурни сали и

друг административно

деловен простор во ООУ „Браќа Миладиновци“

 

 

1. ЗАКУПОДАВЕЦ:

            ООУ Браќа Миладиновци со седиште на улица „Владимир Комаров“ бр. 5, 1000 Скопје телефон +389 2 2460-479 и факс +389 2  2464-312

2. ПОНУДУВАЧ:

            Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко лице и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп.

3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

            3.1.  Фискултурна сала во ООУ „Браќа Миладиновци“ со површина со 160 м2 со 2 гардероби и тоалет со почетна цена од 670 денари за час.

            3.2.  Друг административно-деловен простор во ООУ „Браќа Миладиновци“ со посебен влез, 50 м²  со почетна цена од 7.500 денари.

3.3. Училници  во ООУ „Браќа Миладиновци“ со почетна цена од 630 денари за час.

            Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3,3 по пат на прибирање на писмени понуди.

            Понудувачот треба да ја достави документацијата во рок од 5 дена од објавување на огласот.

            Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

Тендерската документација се подигнува секој работен ден од 09:00-12:00 часот од просториите на ООУ Браќа Миладиновци.

                       

                        Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

        ООУ „Браќа Миладиновци“

                                                                                                                                                В.Д.Директор

Анета Велкоска