О Г Л А С За издавање под закуп на спортска сала, училишен хол и училници во OОУ,,Гоце Делчев

 

Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите, за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година, Комисија за издавање на училишен простор под закуп на ООУ Гоце Делчев Општина Аеродром-Скопје, објавува

 

                                                                                        

 

О Г Л А С

За издавање под закуп на спортска сала, училишен хол и училници во OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје

 

1.ЗАКУПОДАВЕЦ

OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје, со седиште на ул, Горно Лисиче,, бр. 23, 1000 Скопје, тел/факс +389(2)2438-288

2.ПОНУДУВАЧ

Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

3.1.Фискултурна сала во OОУ,,Гоце Делчев,,Г.Лисиче (со површина 620,55 м2). Со гардероби и тоалети, дозволени спортови за кои може да се користи салата се, ракомет, одбојка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и народни ора и танци-почетна цена 700,00 денари по час

3.2.Една училница со површина 40  м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче  550,00 час

3.3.Една училница со површина  40 м2 во ПОУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче 500,00 час

3.4. Хол со површина 40  м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче  400,00 час

3.5. Хол со површина 40  м2 во ПУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче  400,00 час

 

Закупецот го издава просторот наведен во точките 3.1 до 3.5 по пат на прибирање на писмени понуди.

Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови коишто задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите,може да се подигне од 8,00 до 12,00 часот од архивата на училиштето.

Понудата која нема да ги содржи потребните документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Oгласот трае 5 (пет) работни дена,од денот на објавување

Понудите да се достават на адреса ул.Горно Лисиче бр.23, a отварањето ќе биде,на --------------.

Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

                                                                                OОУ,,Гоце Делчев,,Скопје                                         

                                                                               Комисија за издавање на               

                                                                            училишен простор под закуп