О Г Л А С за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром

 

Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина  Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година и член 7 а од Правилникот за измена и дополнување за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина  Аеродром бр.09-77/2 од 12.03.2021 година, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје објавува

 

О Г Л А С

за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје за учебната 2022/2023 година

 

1.ЗАКУПОДАВЕЦ:

                ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на бул.„Јане Сандански“ бр.27 А, 1000 Скопје телефон : +389 2 2 444-415

2.ПОНУДУВАЧ :

                Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско физичко и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

                3.1 Фискултурна сала во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од    396,2 м2 со 2 гардероби и тоалет.

                3.2 Училишен хол во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – со  површина од 327,05 м2

                3.3 Училница број 1 и 2 во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 18 м2

                3.4 Училница број  3 во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина 14 м2

3.5 Училница број  4 во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина 31 м2 ( после 18:00 часот)

                3.6 Друг административно деловен простор во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 14 м2

 

                Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3.3, 3.4, 3.5 и 3.6 по пат на прибирање на писмени понуди.

                Времетраење на закупот на училиштниот простор е до 10.06.2023 година.

                Училиштниот простор се издава под закуп во видена состојба.

Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина.

Минималната висина на закупнината е определена во дополнителната документација потребна за огласот.

                Времетраење на огласот е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

               

                Понудувачот треба да ја подигне и достави документацијата во рок од 5 работни дена од објавувањето на огласот.

                Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

                Понудувачот со понудата треба да ги достави и потребните документи кои не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.

 

                Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.

                Документацијата во која подетално е наведена недвижноста која што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да ги подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – архива.

                Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

                Понудата од физичко или правно лице, за која ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски cпрема училиштето, нема да биде разгледувана.

                Пристигнатите понуди ќе се отвараат без присуство на понудувачите.

                Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 

 

                                                                                           ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје

                                                                                          Комисија за издавање на училштен простор под закуп