Претставници од Општина Аеродром остварија неколкудневна студиска посета на Љубљана во рамките на проектот „Чист Аеродром – Нула отпад во Општина Аеродром“, кој е ко-финансиран од Европската Унија, а Општината го спроведува во партнерство со Гоу Грин и Омниум.
Работните средби се одржаа во Регионалниот центар за управување со отпад RCERO Ljubljana (Regional Center for Waste Management Ljubljana) кој претставува најмодерна и самоодржлива установа и успешен пример имплементиран во вкупно 58 словенечки општини. Таму претставниците на Општината имаа можност да се запознаат со процесите на воведувањето на системот за управување со цврст отпад.
Искуствата од посетата ќе бидат пренесени во спроведувањето на проектот, со што е предвидено до 2024 година, Аеродром како општина со нула отпад и ефикасен механизам за селекција на отпад, да прерасне во пример кој ќе го следат и другите единици на локалната самоуправа.
Како главен град - лидер во Европската Унија за селекција на отпад, Љубљана во 2021 година изврши селекција на вкупно 70,5% од отпадот на своја територија. Љубљана е прв и единствен главен град во Европа кој цели кон нула отпад и токму затоа нејзиното јавно препријатие „Вока Снага“ е избран како ментор и обучувач при воведувањето на новата инфраструктура и спроведување на процесите за селекција на отпад.
Колегите од Љубљана ги споделија своите искуства и практики од целиот процес, со кој се овозможува рециклирање и реупотреба на отпадот. Притоа, нивната порака е дека за успешна реализација на проектот, најважно е да се охрабрат граѓаните и бизнисите да ја намалат количината на отпад која ја продуцираат, како и овозможување на соодветна легислатива, поддршка и политичка волја, соодветна инфраструктура и квалитетни услуги и комуникација.
30.05.2022
Општина Аеродром
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.