УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА „мЗАЕДНИЦА“

Општина Аеродром од денеска уште повеќе ја доближуваме до жителите, низ еден транспарентен процес ја зајакнуваме довербата во општинските служби и ја зголемуваме ефикасноста во работата преку имплементирање на мобилната и веб-апликација  „мЗаедница - Аеродром“.

Следува детално упатство како можете да ја користите апликацијата:

 

КРЕИРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ПРОФИЛ

 

Чекор 1: Во панелот „Избери општина“ одберете Аеродром и кликнете „Продолжи“

 

Чекор 2: Одберете една од понудените платформи преку која ќе ја завршите регистрацијата (Google, Facebook или E-mail)

 

Чекор 3: Одберете го типот на вашиот личен профил, потоа поставете фотографија и пополнете ги полињата за име и презиме, година на раѓање и пол, потоа изберете ги темите што најмногу ве интересираат

 

Откако ќе го завршите процесот на креирање профил, можете да пристапите кон главниот панел на кој можете да пријавите проблем или да дадете предлог, да аплицирате за субвенции, да читате новости или да пристапите до вашите известувања.

 

ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ ИЛИ ПОНУДИ РЕШЕНИЈА

 

Чекор 1: Кога ќе пристапите на основиот панел, во десниот долен агол се појавува „плус“ во плаво круг преку кој продолжувате кон процесот за пријавување проблем или да понудите решение

 

Чекор 2: Одберете една од 16-те категориии која најмногу се однесува на вашиот проблем и предлог

 

Чекор 3: Одберете дали е проблем или сакате дадете предлог, посочете ја точната локација и опишете го со зборови и поставете една или повеќе фотографии

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео