И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.
Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на своето ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции што се под нејзина надлежност. Засега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.
Децата се нашата иднина, а наша одговорноста е на сите да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивни правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!