Зимските служби од рано утрово излегоа на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците, тротоарите, велосипедските патеки и другите површини кои се под надлежност на Општина Аеродром.
Уште при првите врнежи, веднаш на располагање беа ставени сопствените возила за чистење снег, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол кој се користи да се спречи појава на голомразица. Активиран е и кризен штаб со кој директно раководи градоначалникот Тимчо Муцунски.
Истовремено, Општина Аеродром ги потсетува жителите и правните лица дека според Законот за јавна чистота имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.
Според членот 9 од Законот, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот.
Општината се грижи за сите жители, пешаците, велосипедистите, како и за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. Воедно ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за уште поголема безбедност на сите нас.
21.1.2022
Општина Аеродром
09-05-22
По подготовките, истражувањето и анализите кои траеја неколку месеци, денеска во просториите на Општината беше презентиран Прирачникот за интегритет на Општина Аеродром, изработен во рамките на заедничкиот проект со фондацијата Конрад Аденауер и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“.