Во очекување на најавените врнежи од снег, Општина Аеродром ги потсетува жителите и правните лица дека според Законот за јавна чистота имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.
Според членот 9 од Законот, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот.
Во однос на обврските на Општината, ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени сопствени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Активиран е и кризен штаб со кој директно ќе раководи градоначалникот Тимчо Муцунски. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.
Истовремено, Општина Аеродром презема активности за навремено известување на физичките и правните лица за обврските кои ги имаат за време на снежните врнежи. Во колективните станбени згради одржувањето на јавната чистота се задолжува да ја врши куќниот совет.
Ги повикуваме жителите да ги почитуваат пропишаните одредби и со тоа заеднички да придонесеме за поголема безбедност на аеродромци.
10.1.2022
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.