НОВОГОДИШНА РАДОСТ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

 

Стотици новогодишни и едукативни пакетчиња беа доделени на голем број невладини и хуманитарни организации кои работат на територијата на Општина Аеродром со дечиња  и возрасни кои имаат посебни потреби.

Оваа акција претставува круна на низата предновогодишни активности кои произлегоа од големата хуманитарна иницијатива на Општина Аеродром со кои успеавме во намерата да подариме насмевка на што поголем број граѓани.

Вработени во Општина Аеродром лично ги посетија организацииите кои вршат благородна работа и секојдневно и еднакво се грижат за сите граѓани.

Пакетчињата ги обезбедија голем број општествено-одговорни компании и хуманитарни организации кои несебично се вклучија во хуманитарната акција „Најмладите за Аеродром“.

Ваквите настани и иницијативи на Општината ќе прераснат во редовна практика и ќе продолжиме со секојдневна грижа за поквалитетен живот на секој жител во Аеродром.

 

30.12.2021

Општина Аеродром