В четврток четврта седница на Советот на Општина Аеродром

 На 30.12.2021 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четвртата седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2022 година.

2.    Предлог-одлука за извршување на буџетот на Општина Аеродром за 2022 година.

3.    Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на Општината за 2023 година.

4.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменети за основните училишта на територија на Општина Аеродром.

5.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром.

6.    Предлог-програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2022 година.

7.    Предлог-програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2021 година.

8.    Предлог-програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2022 година.

9.    Предлог-програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2022 година.  

10. Предлог-програма за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување во ОА за 2022 година.

11. Предлог-програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2022 година.

12. Предлог-програма Р – Заштита на животната средина и природа подрачјето на ОА за 2022 година.

13. Предлог-програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2022 година.

14. Предлог-програма Ф (Ф1, Ф2) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2022 година.

15. Предлог-програма за зимско одржување на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година.

16. Предлог-програма за јавни работи на Општина Аеродром за 2022 година.

17. Предлог-програма за остварување соработка со здруженија и фонадации за 2022 година.

18. Предлог-програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2022 година.

19. Предлог-одлука за исплата на финансиски средства за општокорисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги на лица во трета доба“.

20. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром  во 2022 година.

21. Предлог-програма за активности на Општина Аеродром во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година.

22. Предлог-програма за одржување локални улици и патишта на територија на Општина Аеродром во зимски услови за периодот на 2022 година.

23. Предлог-одлука за задолжување на Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина за преземање активности со цел регулирање на постапка за поставување броила за електрична енергија на земјоделско земјиште на подрачјето на Општина Аеродром.

24. Предлог-одлука за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи  на Општина Аеродром за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во Општина Аеродром.

25. Предлог-одлука за давање согласност за користење на името Аеродром на Фудбалскиот клуб „Аеродром 2000“ Скопје.

26. Предлог-одлука за давање согласност за користење на името Аеродром на Здружението на граѓани ФУТСАЛ КЛУБ АЕРОДРОМ Скопје.

27. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП 1555/1 и КП 1555/3).

28. Предлог-одлука за ставање вон сила на Одлуката за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект број 1 на КП 3191/1), бр.09-153/29 од 11.01.2019 година.

29. Предлог-одлука за именување член на управниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, претставник на основачот.

30. Предлог-одлука за формирање комисија за изработка на програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2022 година.

31. Предлог-одлука за издвојување средства за исплата на надоместокот на  членовите на изборните органи  - Општинска изборна комисија и избирачките одбори за подрачјето на Општина Аеродром за спроведување  на локалните избори 2021 година.

32. Советнички прашања.

 

            24.12.2021

            Општина Аеродром