БЕСПЛАТНИ ТЕРМИНИ ЗА ВЕЖБАЊЕ ЗА ДЕЦАТА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

 

Советот на Општина Аеродром на последната седница донесе одлука за бесплатни термини во фискултурната сала на ООУ „Александар Македонски“ наменети за деца со атипичен развој во рамките на проектот„Заиграј со нас“.

 

Проектот има цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социоемоционалниот развој преку друштвени игри.

 

Тренинзите ги водат професионални стручни лица од оваа област, кои со безусловна љубов кон овие деца помагаат во развој на нивната целокупна психофизичка состојба.

 

- Со иницијативата за користење на фискултурната сала сакаме да им дадеме можност на оваа категорија деца и млади да го покажат својот потенцијал и полесно да се вклучат во социјалниот живот, а на тој начин и да им се отворат нови можности во сопствените животи - изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на првиот тренинг.

 

Со нашата работа постојано ќе придонесуваме за подигнување на свеста и промена на перцепциите во рамките на целната група и во поширокото опкружување.

 

11.11.2021

Општина Аеродром