Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева

Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева. Во нашата oпштина ова не смее да се случува.
 
Досега неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор.
 
Во нашата работа нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидеме горди. Замолуваме да не се политизираат ваквите вандалски случувања.
 
10.11.2021
Општина Аеродром