Премиерата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ што вчеравечер требаше да се одржи во рамките на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ е презакажана за вечерва во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Претставата е презакажана поради технички пречки во електричната инсталација. Билетите што граѓаните ги добија вчера ќе важат и за вечерва.
Рокада за понеделник е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва. Во продолжение е изменетиот распоред:
ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“
ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“
САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“
НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово)
ПОНЕДЕЛНИК (20.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“
16.9.2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.