Коњаниците што учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш по повод националниот празник Илинден тргнаа вчера од паркот „Јане Сандански“ и со дефиле низ главните булевари во Аеродром се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан им даде благослов.
Во црквата се одржа народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“.
На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 20 коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојчиња.
„Задоволство ми е што и оваа година го поддржуваме Илинденскиот марш организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Илинден нѐ сплотува и нѐ обединува сите нас. Нѐ прави горди и сплотени граѓани на нашата заедничка татковина“, изјави градоначалникот Марин.
Тој додаде дека Општина Аеродром финансиски го поддржува коњичкиот марш повеќе години и ќе продолжи и во иднина да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации во Аеродром.
28.7.2021
Општина Аеродром
17-01-25
Со пригодни настани на две локации на 19 јануари (недела) во Општина Аеродром ќе се одбележи верскиот празник Водици или Богојавление, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.