Во вторник, 27 јули, ќе се организира традиционална крводарителска акција во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.
Акцијата е во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиска медицина од 17 до 20 часот.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ја искажат својата хуманост и да бидат дел од најблагородниот и најхуман чин и да спасат нечиј живот!
23.7.2021
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.