Со многу енергија и позитивна атмосфера аеродромци вчера во паркот под светилките уживаа во музиката на триото „Тринити стрингс“, чиј настап го организираше Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ).
„Летното интермецо во паркот под светилки го овозможивме со цел да се дружиме, да се забавуваме и да ја промовираме македонската музика во летниот период“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Општина Аеродром ќе продолжи во истиот стил да го збогатува летото со музички и културни настани.
21.7.2021
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.