Утре, 20.7.2021 година (вторник), во паркот под светилки (новиот зелен сквер во близина на слаткарницата „Палма“) од 21:00 до 22:00 часот ќе се одржи мини-концерт на триото „Тринити Стрингс“.
Концертот го организира Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) со цел граѓаните да се анимираат во летниот период и да се промовира македонската музика.
Аеродромци веќе имаа можност да ја слушнат музиката на членките на триото, атрактивните виолинистики Ирена Стојановска и Александра Мирсинова и виолончелистаката и вокал Марта Куч, инаку вработени во Македонската опера и балет, минатата година за време на локдаунот кога настапија во живо на покривот на една од висококатниците на Џевахир.
Очекуваме многу енергија и позитивна атмосфера од утрешната комбинација на електронска и дип хаус музика со класични инструменти, како единствена во нашата држава.
19.7.2021
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.