Отворен центар за кариерен развој во Општина Аеродром

 

Денеска во населбата Лисиче беше отворен Центар за кариерен развој. Центарот ќе го користат невладините организации за реализација на проекти што ќе го подобрат социјалниот, економскиот, културниот и спортскиот живот на жителите на Општина Аеродром.

„Центарот е отворен на иницијатива на Општина Аеродром, која неодамна формираше мрежа на невладини организации што работат на цели од локално, социјално и економско значење и претставува прв таков пример во државата“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Градоначалникот Марин и претставници на 14 невладини организации, членки на мрежата, потпишаа Декларација за стратегиска соработка.

Со оваа Декларација невладините организации меѓу другото се обврзуваат на партиципативност, инклузивност и недискриминација. Општина Аеродром ќе се води од принципите на вклученост, особено во однос на организации кои застапуваат групи лица кои се на маргините на главните текови на општеството.

Исто така, Општина Аеродром ќе промовира отчетност преку редовно информирање на граѓаните за проектите кои се спровеле од страна на здруженијата.

Аеродром продолжува со подеднаква грижа за сите граѓани кои заслужуваат најдобри услови за живот и работа во својата Општина.

 

7.7.2021

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео