Работната група за рурален развој финишираше со изработка на Стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како дел од Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром.
Во неа се инкорпорирани низа проекти и перспективи за развојот на руралниот дел на општината, со интензивна можност за користење на ИПАРД и другите европски и светски фондови кои го поддржуваат руралниот развој.
Наскоро, во најкус можен рок, во соработка со ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се очекува отворањето на првата подрачна единица на Општина Аеродром за поттик на земјоделството и руралниот развој, токму во Долно Лисиче.
30.6.2021
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.