Нови детски и спортски игралишта во Аеродром

Општина Аеродром продолжува со изградба на нови детски и спортски игралишта на повеќе локации низ општината.

Деновиве привршува изградбата на детското игралиште на булевар „Србија“, во близина на бензинската станица „Лукоил“.

Наскоро ново детско игралиште ќе се гради во Ново Лисиче на Детската улица „Тоше Проески“ зад црквата, потоа во Стар Аеродром кај трите кули, а во близина на ТЦ „Бисер“ ќе се реконструира детското игралиште.

Неодамна во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче беше реконструирано спортското игралиште, а кај „Ентернет“ се обновија и детското и спортското игралиште, а на бул. „Јане Сандански“ зад општинската зграда детското игралиште доби нов лик.

  Продолжуваме да инвестираме во подобри услови за најмладите за безгрижна и безбедна детска игра. За спортистите обезбедивме висококвалитетни спортски терени со мултифункционални подови со врвен квалитет наменети за безбеден спорт и рекреација. Аеродром е препознатлива општина по тоа“, изјави градоначалникот Марин.

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео