Марин им додели сертификати на учениците од проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост“

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, вчера им додели 35 сертификати на учениците што беа дел од проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост од основните училишта“.

Аеродром е прва општина што го воведе овој проект за помош и поддршка на ученици со посебни образовни потреби на возраст од прво до трето одделение, а со кој им се овозможија пливачки активности, но и дружење и социјализација во време на пандемија.

Ми претставува огромна чест и задоволство што денеска им доделив сертификати на учениците што беа дел од овој проект. Наша мисија е да создаваме подобри услови за здрав и безбеден развој на нашите деца“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Тој изрази и голема благодарност до професорот Иван Анастасовски и неговиот тим, кои го водеа проектот, како и до родителите што секогаш беа присутни и ги бодреа своите деца, кои постигнаа голем напредок.

 

7.6.2021

Општина Аеродром