Општина Аеродром го одбележа 6 Април ‒ Меѓународниот ден на спортот

 

 

            Општина Аеродром во соработка со Олимпискиот комитет, денеска го одбележа 6 Април - Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Настанот се одржа во дворот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, а учествуваа ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром.

            Се одржаа натпревари во кошарка, ракомет, велосипедизам, фудбал, одбојка, атлетика и други спортови, со што сите учесници испратија силна порака за соодветниот и долгорочен развој на олимпизмот, спортот, здравиот живот и фер-плејот. Претседателот на ОКСМ, Даниел Димевски и директорот на училиштето, Марјан Јовановски, испратија пораки до сите млади за значењето на спортот, а особено за користење на спортот како алатка за закрепнување од пандемијата преку спортските активности.

            Сите учесници, на крајот на оваа манифестација покажаа бел картон - симбол на мирот, симбол на оваа манифестација, момент преку кој најмладите испратија силна порака за мир, меѓусебната толеранција и разбирање на сите граѓани низ целиот свет.

            Општина Аеродром отсекогаш ги поддржува сите активности поврзани со спортот и младите, поради што го носи и епитетот најспортска општина во земјава, па и пошироко. На нејзина територија има голем број спортски сали, отворени игралишта и места за спорт и рекреација.

            Вложуваме многу во индивидуалните и клупските спортови, а за оваа година општината за развој на спортот издвои околу 500 илјади евра. Продолжуваме и во иднина да го негуваме спортскиот дух и преку овозможување современи и безбедни услови ги мотивираме како младите, така и повозрасните да се занимаваат со спорт професионално и рекреативно.

 

6.4.2021

Општина Аеродром