„Буба Мара“ светна во сина боја по повод Светскиот ден на аутизмот

 

Објектот на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче вечерва ќе светне во сина боја по повод 2 Aприл, Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизам.

Дечињата од објектот „Буба Мара“ 1, возрасна група од 4-5 години и хетерогена група од 4-6 години, ја дадоа својата поддршка преку изработка на сложувалка и сина светилка како симбол, со порака да станеме свесни и одговорни за оваа состојба.

„Да зборуваме гласно, да се информираме и едуцираме сè повеќе за аутизмот кој носи свои посебности“, порачуваат дечињата и нивните воспитувачи.

Градинката „Буба Мара“ има комплетен стручен тим, кој во соработка со воспитно-згрижувачкиот кадар ги поттикнува децата да ги истакнат своите потенцијали и можности преку работилници, едукација и други активности.

2.4.2021 година

Општина Аеродром