Градоначалникот Марин и учениците засадија 700 садници во ОУ „Гоце Делчев“

 

Дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче деновиве стана вистинска зелена оаза.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин заедно со учениците од ова училиште засадија над 700 зимзелени и листопадни дрвја во дворот на училиштето.

Оваа акција е во рамките на пролетното зазеленување на Општината, кое ќе продолжи и во наредните денови. Зелен и чист Аеродром е наш врвен приоритет и секоја локација што го дозволува тоа ќе добие нови садници и хортикултурно уредување.

 

6.3.2021

Општина Аеродром