Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинари во договор со ЗНМ

 

Општина Аеродром донесе одлука да го повлече неодамнешниот конкурс за новинари за промоција на европските вредности. Конкурсот се однесуваше на новинарски статии од областа назаштитата на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот и руралниот развој.

Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковскии со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

Имено, иако нема законски ограничувања, ниту пак, се очекувашенеобјективност при известувањето, сепак, Општинатаодлучи да го повлече новинарскиот повик.

Претставниците на ЗНМ на средбата ја поздравија одлуката за повлекување на конкурсот и истакнаа дека треба да се избегнуваат вакви практики со цел да не се добие впечаток дека со јавни пари може да се влијае на начинот на известување на новинарите.

Целта на ваквата одлука е да се исклучи и најмалото зрнце сомнеж во јавноста за искрените намери на Општината. Аеродром со конкурсот сакаше да поттикне независниистражувачки стории на теми поврзани со европски вредности, особено кај младите и талентирани новинари.

Би сакале да им се заблагодариме на сите што досега покажаа интерес за учество на конкурсот и веруваме дека ќе продолжат да ја информираат јавноста за нашата европска агенда професионално, независно и објективно.

 

19.2.2021

Општина Аеродром