Аеродром се збратимува со Палилула од Ниш

 

Првите луѓе на општините Аеродром и Палилула од Ниш почнаа постапка на збратимување и отворање нови можности за развој на европскиот пат. Во дводневната посета, градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин оствари низа средби со претседателот на Градската општина Палилула, Братислав Вучковиќ, на кои беа договорени идните активности за соработка и збратимување.

 

„Првите соседи треба да соработуваат. Планот вклучува заедничка соработка на европските фондови за решавање на еколошките проблеми, размена на искуства во работењето на владите за да се постигне европската агенда“, рече Братислав Вучковиќ, претседател на Градската општина Палилула.

 

Градоначалникот Марин на средбите ја претстави четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Платформата вклучува дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, подобар урбан живот и развој на руралните делови од руралните области на општината.

 

Општинската делегација по барање на градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски, оствари средба со локалните власти, при што беше потврдена заложбата и идејата за збратимување на двете градски општини и иницираше средба меѓу градските власти на Скопје и Ниш.

 

Делегацијата на Општина Аеродром оствари средба со Здружението на Македонци „Вардар“ во Ниш, на која се разговараше за можностите за потенцијална соработка со матичната држава. Исто така, беше предложена соработка на специјалното училиште „Бубањ“ од Палилула со институција од ист карактер во Скопје.

 

Нашата делегација, во пресрет на Денот на државноста на Србија, присуствуваше на комеморативната средба и положи венец во чест на жртвите од логорот во Втората светска војна во местото Црвен крст.

 

Делегацијата присуствуваше и на промоција на книга од проф. д-р Александар Симиќ во Центарот за култура во Ниш.

 

Освен градоначалникот Марин, во делегацијата на Општина Аеродром беа и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, раководителот на Секторот за работи на градоначалникот, Александар Ѓорѓиевски, и директорот на Јавното претпријатие со развојни проекти на Општина Аеродром, Владимир Стевков.

 


 

15.2.2021

Општина Аеродром