ЈАВЕН ПОВИК за конкретна проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации
О П Ш Т И Н А А Е Р О Д Р О М
согласно со иницијативата за изготвување стратегиска програма (Платформа за ЛЕР - Локален економски развој),а во рамките на одобрените средства во буџетот за 2021 година, Општина Аеродром објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за конкретна проектна соработка
со здруженија на граѓани и фондации
Општина Аеродром заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, ги повикува здруженијата на граѓани и фондациите во Република Северна Македонија, а особено оние што во изминатиот период искажаа соодветен интерес за соработка со општината, да поднесат конкретен предлог-проект за реализација во текот на 2021 година.
Програмски (проектни) цели за потенцијална соработка:
1. Промовирање на европските вредности во процесот на пристапување кон Европската Унија преку транспарентност и зајакнување на соработкатасо граѓанскиот сектор.
2. Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.
3. Владеење на правото и унапредување на правната држава.
4. Социјално претприемаштво и креирање политики за забрзан локален (урбан и рурален) економски развој.
5. Унапредување на родовата еднаквост во сите области од општественото живеење и вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите.
6. Воведување на концептот на еднаквост и недискриминација во сите области од општественото живеење.
7. Унапредување на човековите права и создавање институционални капацитети за нивна ефикасна заштита.
8. Зголемување на јавната свест и едукација на населението од областа на животната средина и реализација на кампањи од областа на заштитата на животната средина.
9. Младински локални политики во функција на интегрирањето со европското законодавство.
10. Градење мултикултурно, унитарно и толерантно општество на сите што живеат во Република Северна Македонија.
Начин на пријавување на Јавниот повик - документација што треба да се достави:
1. Формулар за пријава (може да се подигне од општината или да се симне од интернет-страницата на општината www.aerodrom.gov.mk), ДРД образец и конкретен предлог-проект (во слободнанестандардна рамка).
Пријавата да се достави во затворен плик до Секторот за работи на градоначалникот, со назнака „Јавен повик за конкретна проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации“
Јавниот повик трае 10 работни дена, заклучно со 8февруари 2021 година.
Ненавремени и некомплетни пријави нема да бидат предмет на разгледување.