Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица / студенти за ангажирање во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2020/2021 година за поддршка на процесот на

 

 

 

Врз основа на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година објавена во „Службен гласник на ОА“ број 17/19, како и Одлука за измена на Програмата објавена во „Службен весник на ОА“ број 09333/9 од 16.11.2020 година, Општина Аеродром објавува

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

 

до

 

евидентирани невработени лица / студенти за ангажирање во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2020/2021 година за поддршка на процесот на инклузија на деца со посебни образовни потреби

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица / студенти кои се заинтересирани да се вклучат во повикот за поддршка на процесот на инклузија на децата со посебни образовни потреби, ученици од прво до трето одделение во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром.

 

Проектот опфаќа работно ангажирање со скратено работно време за период од5 (пет) месеци и истите ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно.

Кандидатите кои ќе се пријават на овој Јавен повик потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

1.    специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник со завршено образование VII/1 степен т. е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице коешто ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС),

2.    Студенти од завршната година на педагошки и наставнички факултети (специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава).

 

Доколку на огласот за вработување не се јави лице кое е со образование наведено во точка 1 и 2, образовен асистент може да биде и лице со завршено најмалку четврто ниво на квалификации според македонската рамка на квалификации (МРК).

 

Кандидатите ќе бидат повикани на интервју и ќе бидат избрани од страна на Комисија за преземање активности за ангажирање образовни асистенти во основните училишта.

 

Сите кандидати кои ќе бидат одбрани потребно да достават доказ од Основен суд 1 – Скопје дека не им е изречена со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во проектот за поддршка на процесот на инклузија на децата со посебни образовни потреби се предвидува месечен паричен надоместок во висина од 15.000,00 денари бруто износ, со вклучени персонален данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Аеродром и избраните кандидати.

 

Заинтересираните кандидати потребно е да достават Пријава со прилог доказ за завршено образование(фотокопија) или потврда од соодветниот факултетна следнава адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр. 109 Б, 1000 Скопје, до Сектор за образование, спорт, култура и заштита.

 

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.01.2021 година, до 15:00 часот.

 

Пријава