В четврток 45. седница на Советот на Општина Аеродром

 В четврток, 29.10.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 45. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:            

1.    Предлог–план за измена на Планот на програми за развој на ОА за периодот од 2020 до 2022 година

2.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта на територијата на Општина Аеродром

3.    Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1475/1)

4.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

5.    Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството на починат сезонски работник 

6.    Предлог-правилник за  измена и дополнување на Правилникот за плати на вработените во Општина Аеродром

7.    Предлог-одлука за давање согласност на Правилник за измени и дополнувања на Правилникот за работното време, прекувремената работа на вработените  во Општина Аеродром, движењето и престојот на надворешни лица во Општина Аеродром и работа на вработените во пријавницата (чуварска служба)

8.    Предлог-одлука за давање согласност на Упатство измени и дополнувања на Упатството за користење на годишeн одмор, платено и неплатено отсуство на вработените лица во Општина Аеродром

9.    Предлогодлука за доделување новогодишни пакетчиња на вработените и ангажираните лица во општинската администрација и членовите на Советот на Општина Аеродром

10.  Предлог–одлука за продолжување на воспоставена меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Карпош за вршење работи од областа на градежната инспекција

11.  Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Годишен план за вработување на ОА за 2020 година

12.  Предлог–одлука за давање согласност за  регулирање договорни обврски кон ангажирани лица

13.  Предлог-одлука за усвојување Иницијатива за изготвување  на Стратешка Програма (Платформа за ЛЕР-Локален економски развој) на Општина Аеродром

14.  Предлог-одлука за формирање организациска структура за Стратешка програма (Платформа за ЛЕР-Локален економски развој) на Општина Аеродром

15.  Советнички прашања

 

26.10.2020

Општина Аеродром