Општина Аеродром објавува јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година.
Општина Аеродром со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на Општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500,00 денари.
Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.
Сите детални информации може да се најдат на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4545
19.10.2020
Општина Аеродром
31-01-26
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.