ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2019/2020 година

 

О П Ш Т И Н А    А Е Р О Д Р О М

 

Врз основа на Одлуката за субвенционирање топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром од Советот на Општина Аеродром со број 09-24/11 од 30 јануари 2020 година („Службен гласник на ОА“ број 01/20) и член 5 од Процедурата за постапката и начинот за субвенционирање топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром бр.25-6023/1 од 09.10.2020 година, Општина Аеродром објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2019/2020 година

 

Општина Аеродром со цел да им излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на Општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500,00 денари за целосно уплатениот месечен надомест за топол оброк со намена субвенционирање трошоци за топол оброк, а согласно со склучениот договор за снабдување со топол оброк меѓу родителот/старателот на ученикот – корисник на оброкот и добавувачот.

Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.

 

Корисници што ќе се опфатат со мерката субвенционирање на трошоците за топол оброк:

Родители/старатели на ученици во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром што користеле топол оброк во учебната 2019/2020 година и имаат платен месечен надоместок за топол оброк за периодот во кој ученикот користел топол оброк (во месеците јануари, февруари и март 2020 година).

 

Услови што треба да ги исполни барателот:

1.          Родител/старател на ученик - корисник на топол оброк во учебната 2019/2020 година во основно училиште на територија на Општина Аеродром (во месеците јануари, февруари и март 2020 година), согласно со склучениот договор за снабдување со топол оброк меѓу родителот/старателот на ученикот – корисник на оброкот и добавувачот.

2.          Платен месечен надомест за топол оброк за периодот во кој ученикот користел топол оброк (во месеците јануари, февруари, март 2020 година)

 

Начин на пријавување на Јавниот повик - документација што треба да се достави:

1. Барање за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2019/2020 година (барањето може да се подигне во основните училишта или да се обезбеди од интернет-страницата на општината www.aerodrom.gov.mk);

2.  Потврда дека ученикот е корисник на топол оброк во учебната 2019/2020 година (месеците јануари, февруари и март 2020 година), издадена од основното училиште на територијата на Општина Аеродром (училиштето ја обезбедува потврдата по службена должност),

3. Фотокопија од уплатници/вирмани или електронски доказ за извршени уплати на месечниот надоместок за топол оброк (за месеците јануари, февруари и март 2020 година),

4. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите (барателот)

5. Фотокопија од трансакциска сметка за истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копијата од личната карта, за исплата на средствата.

 

Документацијата се поднесува во основните училишта на територијата на Општина Аеродром:

ООУ „Браќа Миладиновци“ ул.„Владимир Комаров“ бр.5,

ООУ „Блаже Конески“ ул.„Венијамин Мачуковски“ бр.4,

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ бул.„Јане Сандански“ бр.27А,

ООУ „Љубен Лапе“ ул.„Васко Карангелевски“ бр.2,

ООУ „Лазо Ангеловски“ бул.„АСНОМ“ бр.192,

ООУ „Александар Македонски“ ул.„1612“ бр.4,

ООУ „Димитар Македонски“ ул.„Ѓуро Малешевац“ бр.2,

ООУ „Гоце Делчев“ ул.„Горно Лисиче“ бр.23.

 

Начин на реализација на јавниот повик

 

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром за учебната 2019/2020 година, на веб-страницата на општината и во најмалку еден печатен медиум, Комисијата формирана од Градоначалникот ќе достави известување до основните училишта со дефинирани обврски и рокови за секое основно училиште. Во определениот рок барателите пополнетиот и потпишан образец (барање) заедно со потребната документација во прилог, го доставуваат во основното училиште во кое учи нивното дете.

Основните училишта ќе извршат прибирање, обработка и доставување на комплетната документaција за учениците од своето училиште, до Општина Аеродром. По завршувањето на Јавниот повик и прибирање на документацијата од основните училишта Комисијата формирана од Градоначалникот ќе оформи конечни листи за исплата со потребните податоци за барателите и ќе ги достави до Секторот за финансии на Општина Аеродром.

Општина Аеродром и основните училишта, при прибирање и обработка на потребната документација, ќе се придржуваат на одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Ненавремени и некомплетни барања нема да бидат предмет на разгледување.

 

 

Претседател на комисија

Актуелно

img
img img

Видео