Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја посети градинката „Срничка“ каде што од директорката на градинката Александра Јелиќ беше информиран за одвивањето на воспитно-згрижувачкиот процес во услови на пандемија. Во градинката вкупно се запишани 774 деца, а моментално се згрижени 438, меѓу кои нема сомнителни на КОВИД-19.
„Се радувам што се почитуваат и се спроведуваат сите здравствени протоколи за прием и згрижување на деца. Многу е важно да се почитуваат мерките за заштита и да се зачува јавното здравје“, изјави градоначалникот Златко Марин.
13.10.2020
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.