ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавување велосипеди

 

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавување велосипеди

 

Општина Аеродром, со цел да ги стимулира жителите на Општината за користење велосипеди, на граѓаните што ќе купат велосипед во тековната 2020 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик заклучно со 30 октомври 2020 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипедите, во износ од 50 % од вредноста на велосипедот, а не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Во случај на исцрпување на средствата пред истекот на рокот од 30 (триесет) дена, Општина Аеродром ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската ВЕБ страница.

Јавниот повик ќе трае 30 календарски дена од денот на објавувањето - од  01 октомври 2020 година заклучно со 30 октомври 2020 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

Корисници што ќе се опфатат со мерката субвенционирање граѓани за набавка на велосипеди:

1. Жители на Општина Аеродром што купиле велосипеди во текот на 2020 година.

2. Со субвенцијата/надоместокот на дел од трошоците за набавка на велосипеди ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во буџетот на Општината за 2020 година.

3. Едно лице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.

 

Услови што треба да ги исполни барателот:

1. Да има живеалиште на подрачјето на Општина Аеродром.

2. Велосипедот да го купил во тековната 2020 година.

 

Начин на пријавување на Јавниот повик - документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.aerodrom.gov.mk);

2. Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром;

3. Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;

4. Оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2020 година како доказ дека е извршено купување велосипед;

5. Изјава (изјавата може да се подигне во Општина Аеродром или од WEB  страницата на Општина Аеродром: www.aerodrom.gov.mk) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.

 

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром бул.„Јане Сандански“ бр.109Б, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди за 2020 година“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

 

Начин на реализација на Јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавување велосипеди, на веб страницата на Општината и во најмалку еден печатен/електронски медиум, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Аеродром.

Комисијата ќе изготви предлог до градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик, според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Аеродром за 2020 година за таа намена.

 

 

Претседател на комисијата