ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата „Општинско-корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Аеродром, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско-корисна работа, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на 24.08.2020 година се објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

програмата „Општинско-корисна работа“

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации II”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од:

 

·         6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги);

·         7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

·         9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје.

 

Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од

·         6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги)

·         7 (седум)  месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

·         9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто-износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:

X   долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)          

X      млади лица до 29 години

X      лица постари од 50 години

X   лица корисници на гарантирана минимална помош

X   лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

X    жртви на семејно насилство

 X  лица со попреченост

X      самохрани родители

X      родители на деца со пречки во развојот

X       родители на 3 и повеќе деца

X       родители на деца на улица

 

 

Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

-       За работно место ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ во времетраење од 9 месеци, потребни квалификации: (дипл. дефектолог, дипл. психолог, дипл. педагог или пак завршено високо образование со положени педагошки предмети),

-       За работно место ПОМАГАТЕЛ НА СТАРИ ЛИЦА во времетраење од 7 месеци потребни квалификации: завршено средно образование.

 

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје во периодот од 24.08.2020 година до 31.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување договор меѓу Општина Аеродром и избраните кандидати.

 

Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје -  кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа Скопје кај лицето Елена Гугушева.