Нов уреден парк спроти поликлиниката „Јане Сандански“

 

Општина Аеродром деновиве уреди нов парк спроти поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром.

            На површина од 2000 м2 се изградени нови пешачки патеки, а се поставени и чешмичка за вода, како и нови клупи и канти за отпадоци. Општина Аеродром го обнови и постојното детско игралиште каде се поставени нови реквизити за безбедна игра на најмалите.

Исто така, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги обнови тревните површини и ги уреди хортикултурно, а засадени се и нови дрвја на оваа локација.

Општината продолжува да ги обновува зелените површини и да подига нови зелени катчиња во секој дел од Аеродром.

 

Општина Аеродром

19.08.2020 година