Општина Аеродром и годинава ќе го поддржи традиционалниот „Илинденски марш 2020“, но овој пат без големи собири, а од безбедносни причини поради пандемијата, ќе изостане и вообичаената музичка програма. Коњичкиот марш ќе стартува попладнево во 17:00 часот од паркот „Јане Сандански“, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе положат цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, со што ќе се одбележи најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Претставник од Општина Аеродром ќе им го предаде општинското знаме на дваесеттемина коњаници, со што официјално ќе стартува 42-от коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
27.7.2020
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.