ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог ДУП за градска четврт И17 блок 17.03, Општина Аеродром

 

Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М 199/14, 44/15, 193/15,31/16,163/16,64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат сите физички и правни лица од просторот опфатен со  Детален урбанистички план за градска четврт И17 блок 17.03, Општина Аеродром - Скопје дека Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје донесе Одлука за спроведување на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог ДУП за градска четврт И17 блок 17.03, Општина Аеродром

 

                Површината на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 83246,13 м2 односно 8,32 ха. Површината на блокот И17.03 до регулациска линија на ниво на блок како што е дефинирано со УПЧ И17 изнесува 6,19 ха.

 

                Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

-          На североисток границата на планскиот опфат се движи долж осовината на собирната улица, Бул.,, 3-та Македонска Бригада’’

-          На југоисток по осовина на градската магистрала Бул. ,,Србија’’

-          На југозапад започнува движејќи се по осовината на сервисната улица ,,С5, па продолжува по осовината на сервисната улица ,,С3,

-          На северозапад по осовина на сервисна улица ,,С4

                                                                 

                Предлог ДУП за градска четврт И17 блок 17.03, Општина Аеродром – Скопје, ќе биде изложен во просториите на  СУГС ,,Владо Тасевски’’ (Бул. Трета Македонска Бригада бб) во рок од 10 (десет) работни дена и тоа од 30.07.2020 (четврток)  до 13.08.2020 год. (четврток) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

                Јавна презентација на предлог ДУП за градска четврт И17 блок 17.03, Општина Аеродром – Скопје ќе се одржи на ден 10.08.2020 (понеделник) со почеток во 13:00 часот во просториите на СУГС ,,Владо Тасевски’’ (Бул. Трета Македонска Бригада бб.), Општина Аеродром, Скопје.

                Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на СУГС ,,Владо Тасевски’’ Општина Аеродром. Во определениот рок заинтересираните правни лица и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

 Изработил:

Сандра Шутиноска, диа                                                                                                         

  

 

Контролирал и одобрил:

Страшко Хаџи Коцев, диа                                                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК НА

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

___________________

ЗлаткоМарин