Почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес од 1963 година

 Делегација на Општина Аеродром предводена од секретарот на Општината, Марица Ѓурческа, денеска им одаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес положувајќи цвеќе пред Споменикот на загинатите на гробиштата во Бутел.

Денешниот ден сведочи за замирањето на животот пред 57 години, но и за еден обединет свет што покажа голема хуманост и историска солидарност.

 

26.7.2020

Општина Аеродром