Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации:
1. на бул. „Февруарски поход“во близина на супермаркетот „Рамстор“
2. во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44
3. кај стара Стела во Аеродром.
Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери.
Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период.
Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.
9.7.2020
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.